Силно невреме во Хрватска и Црна Гора, Страдун и Подгорица под вода, скршени дрвја, откорнати кабли (ВИДЕО)
Силно невреме коешто од синоќа го зафати регионот рушеше покриви и кршеше дрвја во делови во Хрватска и Црна Гора и предизвика многу проблеми на граѓаните. За среќа, нема повредени и настрадани. Најпогоден беше Славонски Брод и околината. Според хрватските медиуми, оштетена била и Железничката станица во овој град. Во еден момент бил регистриран ветер од 49 километри на час, а наврнале 17 литри дожд на метар квадратен.
Од невремето биле откорнати и кабли, па бил опожарен и покрив од куќа.

Силно невреме со обилни врнежи и силен ветер доцна синоќа погоди повеќе делови од Црна Гора, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и помала материјална штета.
Како што пренесуваат медиумите, невремето започнало веднаш по полноќ и траело сѐ до раните утрински часови.
