СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА Паѓаше град со големина на лешник, поплавени се улици
Во делови на Срем околу еден час паѓал град со големина на лешник.
Силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи го зафати поголемиот дел од Србија, а во некои делови од државата падна и град.
Во делови на Срем околу еден час паѓал град со големина на лешник.
Невремето ја зафати и западна Србија, а пороен дожд ги поплави улиците на Пријепоље. Во Краљево нешто по 17 часот имаше пороен дожд, силен ветер и град.
Град паѓаше во околината на Топола и во јужен Банат.
Дел српски медиуми јавија дека камион делумно пропаднал во асфалтот на автопатот близу Смедерево во текот на невремето. Од поројниот дожд е уништен дел од коловозот.
Во Белград имаше поројни врнежи и грмежи, па сообраќајот во некои делови од градот се одвиваше многу отежнато.
Претходно денеска РХМЗ издаде предупредување за врнежи од дожд и грмежи што се очекуваат на територијата на Србија во наредните четири дена.
Во централна Србија сѐ уште врне силен дожд.