Силно невреме ја погоди Хрватска – паѓал град со големина на орев, ветрот корнел покриви (ВИДЕО)

Според објавените фотографии и видеа на социјалните мрежи, во овие градови вечерва паѓал град со големина на оре, а оштетен бил и дел од зградата на градското собрание, чиј покрив бил срушен од ветерот.

1,268

Силно невреме проследено со град и ветер попладнево зафати некои делови од Хрватска, а како што пишуваат локалните медиуми, најголема штета е направена во Ријека, во Карловац и во Дуга Реса.

Според објавените фотографии и видеа на социјалните мрежи, во овие градови вечерва паѓал град со големина на оре, а оштетен бил и дел од зградата на градското собрание, чиј покрив бил срушен од ветерот.






Полицијата и пожарникарите се излезени на терен, но засега нема информации за повредени луѓе, иако, како што пишуваат хрватските портали, градот што паѓал во Карловац кршел прозорци на повеќе куќи и станови.

Поврзани содржини