СИЛНИОТ ВЕТЕР НЕМА ДА ЗАПРЕ НОЌВА Утре ќе биде посвежо

317

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад, ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 километри на час.

Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието, информира метеопрогнозерот Славчо Попоски.






И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец, во делови од котлината повремено со брзина од над 60 километри на час.

Што се однесува до температурите, тие до утре наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени, па наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од земјава, односно во Повардарието.

Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.

Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, а во Скопје до околу 28 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Поврзани содржини