СИЛНИОТ ВЕТЕР НАПРАВИ ШТЕТИ, СЛУЖБИТЕ ВО АКЦИЈА Град Скопје ги стави сите капацитети во функција

Кризниот штаб на Град Скопје е во координација со ЦУК, МВР, ЕВН и Противпожарната бригада. Градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни и да пријавуваат проблеми.

96

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со надлежните служби и екипите на јавните претпријатија, е целосно мобилизиран по силното невреме што попладнево го зафати главниот град.

Ѓорѓиевски посочи дека службите се на терен и дека се во постојана координација со Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и останатите надлежни институции.






– Сите расположливи капацитети се ставени во функција за заштита на граѓаните и спречување на поголеми штети и последици – информира Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на ноќта и ќе интервенираат на сите локации каде што ќе има потреба.

– Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и смирени, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите на терен. Службите се мобилизирани, екипите се на терен, граѓаните не се сами – порача градоначалникот.

Граѓаните на кои им е потребна помош или имаат итна потреба од интервенција можат да се јават на телефонскиот број 078 207 687.

Поврзани содржини