СИЛНИОТ ВЕТЕР ГО „РАЗБУДИ“ ПОЖАРОТ Пак гори кај Косел
Чадот од пожарите во Охридско се чуствува во градот.
Пожарот во охридското село Косел повторно се реактивирал, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Тој утрово рече дека пожарот кај Косел е под контрола и има горење само во еден дел, но поради силниот ветер, како што вели, пожарот избегал од контрола и покрај тоа што 100 лица работат на гаснење на пожарот.
–Повторно се јавува проблем со пожарот во селото Косел, Охридско, поради јакиот ветер истиот и покрај тоа што имаат 100 гасначи распоредени на просторот им избегал од контрола и повторно се реактивирал – информира Ангелов.
На терен се екипи, а огнот вчера се гасеше и од воздух со три канадери. Според надлежните, со оглед на тоа што дува југозападен ветер состојбата и во селото Опеница повторно се влошува но гори на уште три страни во правец на Косел, Вапила и Расино.
Нема опасност од ширење кон населените места и постојано се прават појаси со луѓе за состојбата да се држи под контрола.
Чадот од пожарите во Охридско се чуствува во градот.