СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ВО КИЕВ Зеленски ја повика нацијата да продолжи со отпорот

Во текот на ноќта и рано утринава во Киев и други градови однекнаа силни експлозии.

519

Украинскиот претседател Володомир Зеленски рано утринава преку видео порака до нацијата даде оптимистичка оценка за војната и ги повика Украинците да продолжат со отпорот, јавија британските медиуми.

-Ние сме нација која една недела ги осуетува плановите на непријателот.Тука нема да имаат мир. Нема да имаат храна. Овде нема да имаат мир – рече Зеленски.






Тој не коментираше дали руските сили зазеле неколку градови, вклучувајќи го и Херсон.

-Доколку отишле некаде, тоа е само привремено. Ќе ги потиснеме – рече Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека борбите влијаеле врз духот на руските војници кои „одат во продавници за храна и се обидуваат да најдат нешто за јадење“.

-Тоа не се борци на велесила. Тоа се збунети деца кои се искористени – рече Зеленски.

Според него, бројот на убиени на руска страна веќе достигна 9.000.

-Украина не сака да биде покриена со тела на војници – изјави украинскиот претседател во утринската видео порака.

Во текот на ноќта и рано утринава во Киев и други градови однекнаа силни експлозии.

Околу три часот по локално време, најмалку четири експлозии се слушнаа во Киев. На интернет се појави и видео снимка од небото по експлозија, направена од жител на главниот град на Украина.

Како што јави Би-Би-Си, целта на нападот сè уште не е утврдена, ниту дали има повредени.

Медиумот додава дека експлозијата одекнала само неколку часа, откако претходната, во близина на главната железничка станица во Киев, го потресе градот.

Од украинското Министерство за внатрешни работи појаснија дека при нападот нема жртви, но, причинета е штета. Оштетена е и главната линија на цевководот за централно греење.

Поврзани содржини