📽️ СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ВО КАБУЛ ПРЕД ДОГОВОРЕНОТО ПРИМИРЈЕ Најмалку 5 лица загинаа, 35 се повредени
Почнавме да примаме амбулантни возила полни со ранети и откривме дека има експлозии на неколку километри од нашата болница, изјави Дејан Панич, лекар и директор на невладината организација „Emergency“ во Авганистан.
Најмалку 5 лица загинаа, а 35 се повредени вечерва во серија експлозии во Кабул пред стапувањето во сила на прекинот на огнот со Пакистан, соопшти италијанската невладина организацијац(Emergency).
Организацијата управува со болница во авганистанскиот главен град.
– Почнавме да примаме амбулантни возила полни со ранети и откривме дека има експлозии на неколку километри од нашата болница – изјави Дејан Панич, лекар и директор на невладината организација во Авганистан.
Според него, „пристигнале четириесет лица, вклучувајќи жени и деца“ од кои петмина биле донесени мртви.
Another footage from Kabul, Afghanistan, after the Pakistan air force strikes.
🇵🇰🇦🇫 pic.twitter.com/kziZDZqLb9
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 15, 2025
BREAKING:
The Pakistan Air Force is bombing Kabul
🇵🇰🇦🇫 pic.twitter.com/w9qnhXAXuC
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 15, 2025
Пакистан и Авганистан денеска постигнаа договор за воспоставување привремен прекин на огнот во траење од 48 часа, почнувајќи од денес во 18 часот по локално време во Пакистан, објави Исламабад, откако избувна нов конфликт меѓу соседите.
Двете земји ќе вложат искрени напори, преку дијалог, да најдат позитивно решение за комплексното, но решливо прашање, објави пакистанското Министерство за надворешни работи, пренесуваат британските медиуми.
Портпаролот на авганистанската администрација изјави дека на барање на пакистанската страна, прекинот на огнот меѓу двете земји ќе стапи на сила по 17:30 часот.