🎥 СИЛНА ПЕСОЧНА БУРА ГО САРДИСА ИРАК Луѓето се борат за здив, прст пред око не се гледа
Иако песочните бури се вообичаени за Ирак, дел од експертите предупредуваат дека тие стануваат сѐ почести поради последиците од климатските промени. Полицајци и минувачи беа забележани со маски на лицата, а медицински тимови беа распоредени на терен за да пружат помош на оние кои имаа проблеми со дишењето.
Повеќе од илјада лица пријавиле респираторни проблеми по силна песочна бура што ги зафати централните и јужните делови на Ирак, информираа тамошните здравствени власти.
Според информациите на агенцијата АФП, само во покраината Мутана се евидентирани најмалку 700 случаи на задушување, соопшти еден локален официјален претставник.
На социјалните мрежи се шират драматични видеа и фотографии од региони обвиени во густа портокалова прашина, додека локалните медиуми известуваат за прекини во снабдувањето со електрична енергија и откажани летови во повеќе области.
Иако песочните бури се вообичаени за Ирак, дел од експертите предупредуваат дека тие стануваат сѐ почести поради последиците од климатските промени. Полицајци и минувачи беа забележани со маски на лицата, а медицински тимови беа распоредени на терен за да пружат помош на оние кои имаа проблеми со дишењето.
Во покраината Наџаф, повеќе од 250 лица побарале лекарска помош, додека во Диванија биле хоспитализирани најмалку 322 пациенти, меѓу кои и деца. Во Ди Кар и Басра, над 500 граѓани пријавиле отежнато дишење. Според Би-Би-Си, густата прашина ја покри јужната зона на земјата, намалувајќи ја видливоста на помалку од еден километар.
Аеродромите во Наџаф и Басра беа затворени поради екстремните услови. Според Обединетите нации, Ирак се вбројува меѓу петте држави најпогодени од климатските промени, со постојани песочни бури, високи температури и хроничен недостиг на вода.
Ive never seen a sandstorm like this before pic.twitter.com/dBGNb7MiML
— Ali (@IraqMarxist) April 14, 2025