СИЛНА ОДБРАНБЕНА СОРАБОТКА МЕЃУ САД И МАКЕДОНИЈА Агелер се сретна со министерот Мисајловски
Амбасадата ги истакнува заедничките воени вежби на полигонот „Криволак“ и долгогодишното партнерство со Националната гарда на Вермонт како клучни примери за соработка што ја унапредиле подготвеноста и ја зајакнале заедничката безбедност.
Aмбасадорката на Соединетите Американски Држави во заминување, Анџела Агелер, денеска оствари средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод завршувањето на нејзиниот мандат во Македонија.
„За време на нејзината проштална средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Васко Лафчиски, амбасадорката Анџела Агелер се осврна на силната одбранбена соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија“, објави американската амбасада во земјата.