🎥 СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА НА ПЛОШТАД ВО ТЕХЕРАН ВО БЛИЗИНА НА ПРОТЕСТИ Една жена загина од шрапнел

Иранскиот народ е зрел, силен и решителен. Колку е поголем притисокот од САД, толку е посилна волјата на народот, вели шефот на иранскиот Национален совет за безбедност, Али Лариџани.

361

Една жена загина во експлозија во близина на плоштад во Техеран што се случи за време на демонстрации по повод Денот на Ал Кудс.

Жената им подлегнала на повредите од шрапнели.






Шефот на иранскиот Национален совет за безбедност, Али Лариџани, кој присуствуваше на протестот, реагираше на веста за нападот. Тој рече дека „нападот на маршрутата на протесот го  покажува очајот на Израел и на САД.

– Трамп не е доволно паметен да види дека иранскиот народ е зрел, силен и решителен. Колку е поголем притисокот од САД, толку е посилна волјата на народот – изјави Лариџани за државната телевизија ИРИБ.

Иранската телевизија објави снимка од силна експлозија близу еден од плоштадите во Техеран, каде што се одржуваа демонстрации.  Во моментот кога почна да се издигнува чадот демонстрантите почнаа да скандираат  „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Ниту компромис ниту предавање, борете се против Америка“.

Полуофицијалната новинска агенција Тасним соопшти дека експлозијата е предизвикана од „американско-израелско бомбардирање“. Според нивните извештаи, погодена е областа јужно од улицата Енгелаб, една од главните сообраќајници во иранската престолнина.

Инцидентот се случил за време на маршевите по повод Денот на Ал Кудс или Денот на Ерусалим. Традицијата на маршеви за Денот на Ал Кудс, годишен меѓународен митинг во поддршка на Палестинците, почна по Иранската револуција во 1979 година. Митинзите се одржуваат низ целиот свет во последниот петок од Рамазан.

Поврзани содржини