СИЛНА ДВОЈКА ЗА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО Анкетата на Детектор покажува дека секој четврти граѓанин се лекува приватно

Интересно што е како многу лош квалитетот на здравството во најголем процент го оцениле граѓаните од скопскиот регион и покрај тоа што во главниот град се наоѓаат и најголемите здравствени установи“, се вели во анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје.

519

Силна двојка или 2,36 е средната оценка коа на скала од 1 до 5 граѓаните му ја дадоа на квалитетот на јавното здравство, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 29,9% од анкетираните на јавното здравство му дале единица, оценувајќи го квалитетот како многу лош. Дополнително двојка дале уште 24,8% од анкетираните а тројка, 26,3%. Јавното здравство четвртока добило од 8,9% од анкетираните додека 3,3% го оцениле квалитетот на јавното здравство со одличен пет.






„Интересно што е како многу лош квалитетот на здравството во најголем процент го оцениле граѓаните од скопскиот регион и покрај тоа што во главниот град се наоѓаат и најголемите здравствени установи“, се вели во анкетата.

Последната анкета исто така покажува дека во услови на силно незадоволство од квалитетот кој го нуди јавното здравство речи си една четвртина од граѓаните се лечат првенствено во приватните здравствени установи

Според неа, 22,7% од граѓаните велат дека на лекар почесто одат во приватни здравствени установи. Над две третини од граѓаните или 69,8% се лечат исклучиво во јавното здравство.

„Близу две третини од анкетираните или 62,3% велат дека со лековите немаат проблем односно дека аптеките се добро снабдени во текот на целиот месец и дека не е проблем да се набават лекови на рецепт. Во спротивното се уверени 30,5% од граѓаните“, велат резултатите.

Исто така, граѓаните генерално се незадоволни од се во јавното здравство покажува најновото истражување на јавното мислење

„Ваков став делат 26,2%. На 21,1% најмногу им пречи процесот на закажување и времето за чекање на преглед. 14,9 не се задоволни од лекарите а 8,2% од инфраструктурата. Најмало незадоволство, граѓаните искажале за медицинските сестри“, се вели во анкетата.

Во споредба со анкетата која ИПИС ја спроведе за Детектор во 2019 година, граѓаните рефлектираат уште поголемо незадоволство имајќи предвид дека општото незадоволство од јавното здравство пред 4 години било 19,5% а сега е26,2%.

„Речиси половина од граѓаните сметаат дека јавното здравство било подобро пред 5 години. 49,7% велат дека квалитетот на јавното здравство споредено со пред 5 години денеска е на пониско ниво. 31,8% сметаат дека нема некакви промени додека 12,4% се на ставот дека денешното здравство е подобро од она што го имавме пред 5 години“, покажува резултатот од ИПИС.

И тука споредбата со анкетата која Детектор ја објави во 2019 покажува дека граѓаните денеска се значително понезадоволни од пред 4 години.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена во периодот од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

Поврзани содржини