Земјотрес со јачина од 5,6 степени регистриран е на подрачјето на југозападен Иран, објавила иранската државна телевизија, пренесува Б92.
Како што пренесува агенцијата Ројтерс, сѐ уште нема информации за повредени.
Иранската државна телевизија соопштила дека епицентарот на земјотресот бил блиску до градот Сисакхт.