ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,5 СТЕПЕНИ ВО ГРЦИЈА, ПОЧУВСТВУВАН И ВО МАКЕДОНИЈА Потрес ги разбуди Дебар, Кичево и Охрид

Епицентарот се наоѓал на околу 200 километри јужно од Скопје. Потресот бил почувствуван во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и во Струга.

897

Силен земјотрес со локална магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала рано утринава ги разбуди граѓаните во повеќе градови во западна Македонија. Потресот потекнува од епицентар во северна Грција, а бил почувствуван во неколку македонски региони.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил регистриран во 4 часот и 32 минути.






Епицентарот се наоѓал на околу 200 километри јужно од Скопје. Потресот бил почувствуван во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и во Струга.

Според сеизмолошките податоци, интензитетот на земјотресот во овие подрачја достигнал III степени според Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикаа граѓаните кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност. Прашалникот служи за собирање податоци и подобро научно анализирање на сеизмичките настани.

Собраните информации им помагаат на научниците попрецизно да го утврдат интензитетот и ефектите од земјотресот на различни локации.

Според сајтот на emsc.com епицентерот е на 152 километри од градот Лариса во Грција, на 10 километри подземја.

Поврзани содржини