СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ГРЦИЈА! Почувствуваме како лежалките се движат, велат испаничените туристи
Се сончавме, почувствувавме како лежалките ни се движат. Како некој да стоеше над нас и да ни ги тресе лежалките, вели еден турист.
Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Родос.
Земјотресот е регистриран во 12:11 часот по локално време на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грчките власти информираат дека нема опасност од цунами.
❌🌊RISK of TSUNAMI EXCLUDED
Following the #earthquake (#σεισμός) M4.8 occurred 19 km NW of #Ródos (#Greece) 3 min ago (local time 12:11:49). More info at the links provided below👇— EMSC (@LastQuake) July 9, 2024
Туристите во коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека го почувствувале земјотресот додека се сончале.
– Се сончавме, почувствувавме како лежалките ни се движат. Како некој да стоеше над нас и да ни ги тресе лежалките – вели еден турист на Родос.
„Многу силно, но краткотрајно“, „Спиев кога ме разбуди силен земјотрес“, се дел од коментарите на граѓаните.