СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС НА ГРЧКИОТ ОСТРОВ КРИТ Епицентарот бил на 170 километри од Ираклион

Нема информации за повредени или причинета материјална штета од земјотресот со јачина од 5,2 степени.

132

Земјотрес со јачина од 5,2 степени е регистриран изутринава во близина на брегот на грчкиот остров Крит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според неговите податоци, епицентарот на земјотресот бил на 170 километри југозападно од градот Ираклион, каде живеат околу 137.000 луѓе.






Нема информации за повредени или причинета материјална штета.

Поврзани содржини