Два силни земјотреси го погодија Загреб, оштетени згради, има повредени

2,125

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди утрово Загреб во 6:24 часот, проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е лоциран на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри.






Вториот земјотрес се случи во 7:01 часот и неговата јачина, според првичните податоци, била пет степени по Рихтеровата скала, јави Хина.

Хрватските медиуми објавуваат од минута во минута за состојбата и штетите предизвикани од силниот земјотрес. Од Градското биро за управување во итни случаи на Загреб, апелираат до граѓаните да не влегуваат во домовите, да останат надвор.

Загреб се тресел десетина секунди, а луѓето панично излегле на улиците. Вести за предизвикана материјална штета доаѓаат од целиот град и околината, соопшти загрепски „Јутарњи лист“.

Во некои делови на Загреб, кус период беше прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Уништени автомобили, паднати покриви, оштетени згради, има и повредени. Паднат е и врвот на катедралата во центарот на градот.

FOTO: Jutarnji.hr/Printskrin

Поврзани содржини