СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ ТАЈВАН Урнати објекти, возови излетале од шините

Тајванските медиуми објавија дека се урнала ниска зграда во која се наоѓала продавницата и дека во тек се спасувачки операции за луѓето кои биле во таа зграда. Најмалку еден вагон излетал од шините на железничка станица на источниот брег.

363

Земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтер го погоди денеска Јуџинг во регионот на Тајван, соопшти Американскиот геофизички завод. Локалното сеизмолошко биро ја процени силата на земјотресот на 6,8 степени, наведувајќи дека станува збор за ретко населен југоисточен дел од островот.

Тајван вчера беше погоден од земјотрес со јачина од 6,9 степени, пренесе Ројтерс. Пацифичкиот центар за предупредување издаде предупредување на опсност од цунами.






Тајванските медиуми објавија дека се урнала ниска зграда во која се наоѓала продавницата и дека во тек се спасувачки операции за луѓето кои биле во таа зграда. Најмалку еден вагон излетал од шините на железничка станица на источниот брег.

Земјотресот можел да се почувствува низ целиот Тајван. Во главниот град Тајпеј зградите накратко се потресоа. Според сеизмолошкиот центар, земјотресот во неделата се случил во 14:44 часот (08:44 по средноевропско време) на длабочина од 7 километри.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 42,7 километри северно од округот Таитунг во источен Тајван. Сепак, нема извештаи за жртви или поголема материјална штета. По вчерашниот земјотрес, локалните медиуми објавија за уривање на стара куќа од тули, оштетување на мост, срушени предмети од полици на продавниците, запрени лифтови во високите згради, привремено прекинати железнички линии и други проблеми.

Претставник на Централната метеоролошка управа денеска изјави дека последователните потреси би можеле да траат месец до два. И Јапонија издаде предупредување за цунами по земјотресот.

Во септември 1999 година, островот, кој се наоѓа на границата меѓу евроазиската и филипинската плоча, беше погоден од земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа повеќе од 2.400 луѓе.

Поврзани содржини