СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС БЛИЗУ СПЛИТ 4,6 степени по Рихтер ја стресоа Далмација
„Слободна Далмација“ објави дека пожарникарите во градовите Сплит и Сињ не добиле повик за помош иако потресот бил силен и се почувствувал во градовите во Далмација.
Околу 22 часот е регистриран силен земјотрес во Хрватска, во близина на најголемиот далматински град Сплит.
Првичните податоци на EMSC беа дека станува збор за земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтеровата скала, но, подоцна државниот сеизмолошки завод на Хрватска ја коригираше јачината и ја намали на 4,6 степени.
Епицентарот се наоѓа на 40 километри од Сплит, на работ на Ливањско поле.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
„Слободна Далмација“ објави дека пожарникарите во градовите Сплит и Сињ не добиле повик за помош иако потресот бил силен и се почувствувал во градовите во Далмација.