📷 СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ЗЕНИЦА Четири лица се повредени, повеќе објекти се оштетени
Селото Љубетово во околината на Зеница беше најтешко погодено од земјотресот со јачина од 4,7 степени.
Ноќеска се регистрирани неколку земјотреси на подрачја на Босна и Херцеговина. Прво беше регистриран потрес од 3 степени според Рихтеровата скала со епицентар во околината на Бања Лука, а потоа и посилен земјотрес во Зеница со јачина од 4,7 степени.
Селото Љубетово во околината на Зеница беше најтешко погодено од земјотресот кој предизвика материјални штети и многумина остави без покрив над главата. Уништени се куќите на мештаните, а по потресот во селото снемало и струја, пренесува Аваз.
Во регионот погоден од змејотресот пристигнаа поѓарникари и припадници на Цивилната заштита кои му помагаат на локалното населени.
Според првичните информации од терен, во силниот земјотрес оштетени се куќите, а четири лица се повредени и хоспитализирани во Кантоналната болница во Зеница.
Земјотресот бил почувствуван и во делови од Хрватска.