Силен земјотрес ја погоди Јапонија, двоцифрена е бројката на повредени

505

Најмалку 11 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала што ја потресе префектурата Фукуи во централна Јапонија, објави новинската агенција Кјодо. Меѓу повредените има и две деца.

Во исто време, локалните власти предупредија дека може да се случи уште еден земјотрес со слична јачина во Фукуи за една недела.






Во меѓувреме, не се добиени информации за можни вонредни состојби во нуклеарните централи лоцирани во регионот а во врска со земјотресот. Не е издадено предупредување за цунами.

Поврзани содржини