📷 СИЛЕН ВЕТЕР ОТКОРНА ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА Нема повредени, надлежните се на терен

За настанот се известени пожарникарите, општината Гевгелија и полициската станица,  кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности.

632

Силен ветер ја откорнал целата кровна конструкција на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.

За случајот ЦУК добил пријава преку единствениот број за итни повици 112.






Фото: ЦУК

Според информациите со кои располага ЦУК, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

За настанот се известени пожарникарите, општината Гевгелија и полициската станица,  кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности.

Фото: ЦУК
Поврзани содржини