СИЛЕН ВЕТЕР И ГРМОТЕВИЦИ ГО ТРЕСАТ СКОПЈЕ Започна невремето во главниот град, УХМР алармира
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат дека врз Македонија се движи нестабилна воздушна маса, особено над западниот и централниот дел на земјата.
Невреме проследено со силен ветер и грмотевици го зафати Скопје и околината во доцните попладневни часови. Граѓаните од повеќе делови на градот пријавуваат грмотевици, засилен ветер и локален дожд со слаб до умерен интензитет.
На социјалните мрежи веќе кружат видеа и фотографии, а меѓу нив и снимка од паднато дрво на автопатот Скопје – Тетово. Засега нема информации за повредени или поголеми материјални штети.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат дека врз Македонија се движи нестабилна воздушна маса, особено над западниот и централниот дел на земјата.

– Се забележуваат области со интензивни врнежи западно од Скопје, кон Тетово и Гостивар, што укажува на присуство на активна конвективна облачност со силен дожд, а можеби и град – соопштија од УХМР.
Радарската слика покажува интензивна атмосферска активност, со присуство на силни врнежи, грмежи и можна појава на град.

Граѓаните се повикуваат на претпазливост, особено при движење на отворено и во близина на дрвја, билборди и слични конструкции.
Од УХМР информираат дека нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа појава на град има и во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани, како и во Кривопаланечкиот регион. Прилепскиот и Тополчанскиот регион, исто така, е зафатен од силна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи засилен ветер и појава на град.
– Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер,грмежи и наместа појава на град имаме во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани и во Кривопаланечкиот регион. Прилепскиот и Тополчанскиот регион зафатен од силна нестабилност проследена со пороен дожд , грмежи засилен ветер и појава на град. Нестабилност имаме и во Скопската Котлина како и на североистокот на Македонија – велат од УХМР.