СИЛЕН ВЕТАР И ОБИЛНИ ВРНЕЖИ Температурите остануваат високи за ноември
Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд кои ќе продолжат во ноќните часови и во сабота.
Променливо облачно време со засилен, наместа повремено силен ветар од јужен правец (над 60 км/час) не очекува денеска. Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови.
Врнежите ќе продолжат во ноќните часови и во сабота, кога ќе бидат пообилни (на повеќе места над 30 л/м2), а наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи – најавуваат од УХМР.
Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а локални врнежи се очекуваат попладне во западните делови. Температурите ќе се задржат релативно високи. Денес дневната температура ќе се движи во интервал од 17 степени во Маврово до 24 степени во Гевгелија и во Демир Капија.
Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура во Скопје ќе биде 9 степени, а максималната ќе достигне 23 степени.