🎥 СИЛЕН ТАЈФУН СО БРАНОВИ ОД 7 МЕТРИ ГО ПОГОДИ ТАЈВАН Во неврeметo повредени се 190 луѓе

Тајфунот беше од четврта категорија со ветрови до 241км/ч и бранови кои достигнаа и до 7 метри

95

Тајфунот Коину денеска го погоди јужниот дел на Тајван. Од налетот на невремето повредени се 190 луѓе и предизвикана е голема материјална штета. Поради дождот и силните ветрови, милиони луѓе во голем број градови изостанаа од работата и наставата.

Коину, што на јапонски значи „кученце“, предизвика лизгање на земјиштето на тајванскиот полуостров Хенгчун. Тајфунот беше од четврта категорија со ветрови до 241км/ч и бранови кои достигнаа и до 7 метри, но ослабе кога го премина Тајванскиот теснец и се упати кон кинеската провинција Гуангдонг, според агенцијата за ризик од тропска бура.






Најголем дел од дождот падна во ретко населените планински области на округот Пингтунг на југ и окрузите Таитунг и Хуалиен на источниот брег, но тајфунот го погоди и големиот јужен пристанишен град Каосиунг.

Повеќето градови и окрузи прогласија ден на прекин на работата и наставата, при што главниот град на островот Тајпеј, седиштето на финансиските пазари, не е засегнат и работи нормално.

Производителот на чипови TSMC рече дека неговите фабрики исто така работат нормално.

Тајфунот го погоди тајванскиот теснец во четвртокот доцна наутро по локално време, а обилните врнежи се прогнозираат до петок, главно на југот и на истокот на островот.

Тајванската противпожарна служба извести дека се повредени 190 луѓе, но нема загинати.

Најголему штети беа пријавени на островот Орхиду во близина на Тајтунг на брегот на Тихиот Океан, каде живеат околу 5.000 луѓе. Фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледаат превртени автомобили и рибарски чамци потонати во пристаништето.

Двете главни домашни авиокомпании на Тајван, UNI Air и Mandarin Airlines, ги откажаа повеќето од нивните летови за четврток, додека траектите до оддалечените острови исто така беа стопирани.

Откажани се вкупно 46 меѓународни летови, соопшти Министерството за транспорт, но брзата железница што ги поврзува северниот и јужниот дел на Тајван не е погодена.

Поврзани содржини