СИЛЕН СЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА Потресот почувствуван и во делови од Грција
Земјотресот е регистриран на 14 километри јужно од местото Езина, на околу 300 километри од Измир, на длабочина од 18 километри.
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел на Турција. Земјотресот е регистриран на 14 километри јужно од местото Езина, на околу 300 километри од Измир.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 18 километри. Засега нема информации за материјална штета.
Земјотресот бил почувствуван и во некои делови на Грција.