Силен дожд и град во Скопје, се затнаа подвозниците
Се наполнија со вода подвозниците, каде автомоболите поминуваат полека и внимателно.
Силен дожд проследен со град падна попладнево во Скопје. Се наполнија со вода подвозниците, каде автомоболите поминуваа полека и внимателно. Комунална екипа се обидува да ги отвори шахтите кај подвозникот на улицата Павел Шатев за да ја испушти насобраната вода.
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска прогнозираше умерено до значително облачно со повремен дожд, како и засилен северозападен ветер.
И утре ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо, ќе дува засилен северен ветер (и над 70 км/ч) кој ќе биде најизразен долж Повардарието. За време на викендот ќе биде претежно сончево и топло со послаб јужен ветер.