СИЛЕКС ГО СОВЛАДА ВАРДАР Победата ја донесе Додев во продолжението

Стрелец на победоносниот гол за кратовскиот прволигаш беше Дарко Додев во четвртата минута од судиското продолжение.

226

Фудбалерите на Силекс го совладаа вечерва Вардар во Скопје со 1-0 (0-0) во завршниот натпревар од 7. коло во Првата македонската фудбалска лига (ПМФЛ).

Стрелец на победоносниот гол за кратовскиот прволигаш беше Дарко Додев во четвртата минута од судиското продолжение.






Претходно денеска се одиграа пет натпревари од 7. коло во кои единствената победа ја забележа Гостивар над Шкендија од 3-1, додека без победник завршија дуелите Брера Струмица – Тиквеш (0-0), Пелистер – Работнички (0-0), Шкупи – Беса (1-1) и Воска – Струга (1-1).

Табела: Гостивар 15, Шкендија 14, Работнички 13, Силекс 12, Струга 11, Шкупи 9, Пелистер 9, Брера Струмица 8, Вардар 7, Беса 5, Тиквеш 5, Воска 5.

Поврзани содржини