СИЛАТА НА СЛАВЈАНКА ВО ЕДНА ФОТОГРАФИЈА До каде сме со нападот на Русија?
Македонците на социјалните мрежи „веруваат“ дека ова ретерирање во ставовите на руската страна, се должи на заканата испратена од нашата министерка за одбрна Славјанка Петровска, која беше единствената од НАТО, која кажа дека во моментов се прават планови за војна со Русија
Русија и западните сили се согласија да им дадат шанса на преговорите, со цел да се изнајде мирно решение за украинската криза. Од двете страни можат да се слушнат пораки за мир и апели за избегнување на војната.
Сепак, Македонците на социјалните мрежи „веруваат“ дека ова ретерирање во ставовите на руската страна, се должи на заканата испратена од нашата министерка за одбрна Славјанка Петровска, која беше единствената од НАТО, која кажа дека во моментов се прават планови за војна со Русија. Да потсетиме дека воената акција во Украина беше отфрлена како опција и од американскиот претседател лично.
„Ма какви Сухои, Русите нема да ја нападнат Украина бидејќи се плашат од Славјанка“ е само еден од коментарите коиѓто можат да се прочитаат на социјалните мрежи.
Но, фотографијата со противпожарното возило, според наше субјективно мислење е врвот на досетливоста на Македонците.