🎥 СИЛЈАНОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ПОДДРШКАТА Народот легитимира, народот делегитимира

370

Кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова попладнево преку видео на социјалните мрежи се заблагодари за поддршката која граѓаните и ја дадоа денеска со потпишување за нејзината кандидатура.

„➡️ Голема благодарност за поддршката! Мислам дека е во прашање човечки и граѓански пркос, меѓутоа уште повеќе надеж дека пред нас се големи промени.






👥 Мислам дека е тоа знак за длабоки реформи. Уште еднаш се докажа дека овој народ не заслужува ваква власт. Народот легитимира, народот делегитимира. Јас сум му бескрајно благодарна за легитимацијата.

✅ Верувам дека речта е прва и дека веројатно и тие веруваат дека она што го зборувам ќе го направам!“,  наведува во постот на Фејсбук.

Поврзани содржини