Професорката и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вели дека ВМРО-ДПМНЕ бара експертска влада во која министри ќе станат вистински експерти.
– Ако имавме минимална разлика меѓу партии, големи предизвици, криза, нефункционален парламент, тогаш треба да се преземе нешто, ама тоа не е гласање на доверба како што направи Заев – рече пратеничката Силјановска во гостување на телевизија Алфа.
Според неа Заев на чуден начин бара доверба и потоа вели ајде широка колаиција, е тоа не е во ред.
– Велат широка колаиција, без лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е премиерот во сенка, не може без него. Начинот на кој Заев тоа го пласираше па после рече и дека не мислел така, значи неразбирање на демократијата – рече Силјановска и додаде дека во ваква ситуација ВМРО-ДПМНЕ бара експертска влада.
– Експертска влада во која министри ќе станат вистински експерти, зошто, за да внесеме знаење – вели таа.
Силјановска се осврна и на претосјниот партиски конгрес на СДСМ укажувајќи дека Заев е исплашен.
– Јас социјалдемократијата не можам да ја препознаам, ми личи на неолиберални чекори. Сепак во една социјалдемократска партија треба да има идеологија, како и во сите, ама кај нив не ја гледам – рече Силјановска.
Според Силјановска оваа власт е делигитимирана.