Силјановска: Неколку семејства управуваат со Македонија

844

Три години на самрак на Македонија! Како во поглед на идентитетот и економијата, така и во поглед на моралот. Видете ја програмата на СДСМ во 2016 и се ќе ви стане јасно. Мртво слово на хартија. Нула. Ништо не исполнија, пишува на својот профил на Фејсбук Гордана Силјановска Давкова, носител на листa во изборна единица 1 од посетата на општина Карпош, населено место Нерeзи.

„Воспоставија непрофесионална и партиска администрација. Откако ја партизираа, сега ветуваат нејзино кратење. Погодувате од каде ќе почнат? Од неистомислениците!






Денес неколку семејства, фамилии, управуваат со Македонија.

Економијата ни е на нула. Во нашата програма ветуваме нови работни места. На прави места прави луѓе. Најдобрите, а не последните да бидат примени. Правичната застапеност не значи некој со помал број поени да биде примен само затоа што е од друга етничка заедница.

Во Ирска само Шин Фејн, политичкото крило, можеше да влезе во парламентот, а не како кај нас, ги соблекоа униформите и добија се.

Ветуваме Обнова на Македонија! Воведуваме ред во безредието, закон во беззаконието! Мора крај да се стави на ова!

Исправи се Македонија,

Одбери Обнова

Заокружи 14“, напиша Силјановска.

 

Поврзани содржини