Силјановска Давкова: Зборуваат за премиер Албанец, видовте кој е главен во јавното здравство, неговиот внук

3,082

Гордана Силјановска Давкова, носителка на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1 денеска беше на средби во Кисела Вода. Таа се осврна на низата проекти во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Она што ми се допаѓа се ваучерите за компјутери, ваучерите за театар, за културни настани, за спортски настани, исто така мобилното образование, можноста со практичната димзензија да се занимавате, враќање на стручните училишта кои ги имавме, понатаму ослободувањето на младите до 29 години од било каков данок, бидејќи тоа е политика која ќе ги задржи овде. А, да не зборувам за нешто што мене најмногу ме болело, а сега тоа е внесено во програмата дека 500 – те најдобри студенти веднаш ќе добијат понуда за вработувања во администрацијата и во институциите. Да се потсетиме кого примаа во институциите, дали најдобрите студенти – не, тие си заминуваа. За жал помнам многу студенти кои не само што биле брилијантни, туку и магистрирале надвор на области кои се важни потоа не ги вработувале, немало место од списоците на нивните – рече Силјановска.






Професорката Силјановска се осврна и на темата кандидат Албанец за премиер која беше промовирана од ДУИ.

– Деновиве се зборува за премиер Албанец, одма видовте кој е главен во делот јавно здравство, неговиот внук. Така не се гради натпревар и држава. Држава бара конкурс, ние мора да се вратиме на конкурсот и сите што конкурирале да ги истакнеме, да ги прочитаат со нивните имиња како што на факултетите кога имаше примен, па битката беше да влезат тие со петки – рече Силјановскa.

Поврзани содржини