📊 СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ВОДИ ПРЕД ПЕНДАРОВСКИ СО 2:1 Максо трет во македонскиот табор

Според анкетата на „Маркет Вижн“ по нарачка на порталот МКД, граѓаните на актуелниот претседател Стево Пендаровски на скала од 1 до 10 за досегашната работа му даваат оценка 4, а над 63% од нив сметаат дека актуелниот шеф на државата не заслужува нов мандат.

1,320

Мартовските анкети на јавното мислење покажуваат убедлива победа на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова за претседател на државата.






Според анкетата на „Маркет Вижн“ по нарачка на МКД граѓаните на актуелниот претседател Стево Пендаровски на скала од 1 до 10 за досегашната работа му даваат оценка 4, а над 63% сметаат дека Пендаровски не заслужува нов мандат.

На прашањето за кој кандидат ќе гласате на претстојните избори, 20% ја поддржуваат Силјановска, близу 11% Пендаровски.

Интересен е дуелот меѓу кандидатите во албанскиот блок, Бујар Османи и Арбен Таравари. За Османи како кандидат на коалицијата на ДУИ би гласале 7,9 отсто од граѓаните, а за Таравари како кандидат на албанската опозиција би гласале 5,8%.

Трет на оваа листа е Максим Димитриевски со поддршка од речиси 7%, Ванковска со 2,7%, а Јакимовски има поддршка под 1%.

Анкетата покажува и огромен интерес кај граѓаните да излезат на претстојните претседателските избори закажани за 24 април. За разлика од парламентарните, каде подготвност за излез на избори искажале 66,6% од граѓаните, на изборите за шеф на државата би излегле дури 72% од граѓаните.

Ако во вториот круг преминат само Силјановска и Пендаровски според акнтата граѓаните и давааат предност на Силјановска со 32,2% поддршка наспроти Пендаровски со поддршка од 25,5%.

Анкетата на Маркет Вижн е спроведена телефонски во периодот од 15 до 24 март на репрезентативен примерок од 1.200 истипаници.

Поврзани содржини