🎥 СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА СЕ ФАТИ НА ОРОТО Гостите на Алачки ја викнаа за да се фотографираат, па удрија на песна

Силјановска Давкова, која е позната по тоа што е љубител на играње рокенрол, била поканета да се фотографира со членовите на КУД „Владо Тасевски” кои биле дел од снимање на емисијата „Везилка“ во големото студио на Алфа ТВ.

4,272

Победничката од првиот круг на претседателските избори Гордана Силјановска Давкова заигра оро во емисијата што ја води водителката Андријана Алачки на ТВ Алфа.

Силјановска Давкова, која е позната по тоа што е љубител на играње рокенрол, била поканета да се фотографира со членовите на КУД „Владо Тасевски” кои биле дел од снимање на емисијата „Везилка“ во големото студио на Алфа ТВ.






По заедничката фотографија Силјановска Давкова која била пречекана со аплауз од сите присутни спонтано заигра оро со водителката Адријана Алачки и гостите на „Везилка“ од КУД Владо Тасевски.

Орото се игра на песната „Бисер Балкански“ која ја пее популарниот Дарко Билбиловски.

Поврзани содржини