Силјановска Давкова: Македонија со СДСМ на власт e држава во пропаѓање

Ве молам добро да размислите за кого ќе гласате, дали ќе гласате за идиократија, за дебилизација, или за либерализација, вели Силјановска Давкова.

271

Македонија со СДСМ на власт не е само слаба држава, туку држава во пропаѓање, вели пратеничката Гордана Силјановска Давкова на вчерашната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ .

Силјановска Давкова посочи дека оној кој што владее спротивно на општиот интерес е тиранин и запраша дали граѓаните го препознаваат тој тиранин.






– Ние денес со власта имаме аномија, секојдневно кршење на законите. Затоа јас сакав да кажам дека ако од антиката до денеска се зборува не само за политика, туку и за економија и етика. Ете го триаголникот кој што гарантира добро владеење. Но, за жал тој триаголник со оваа власт во оваа држава го нема. Не само што Македонија е слаба држава, за жал Македонија е држава во пропаѓање поради оваа власт – нагласи Силјановска Давкова.

Таа пред карпошани порача да размислат за кого ќе гласаат на локалните избори, кои се планирани да се одржат наесен.

– Падот на локалните избори ќе биде предзнак на падот на оваа корумпирана власт која нема ништо заедничко со Европа. Ве молам добро да размислите за кого ќе гласате, дали ќе гласате за идиократија, за дебилизација, или за либерализација – вели Силјановска Давкова.

Поврзани содржини