СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА И ДИМИТРИЕВСКИ ВО СКОПЈЕ, ПЕНДАРОВСКИ ВО КРИВА ПАЛАНКА И ВО КУМАНОВО Ванковска ќе се претстави пред кавадарчани
Денеска продолжува кампањата за претседателските избори 2024.
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе ги посети општините Старо Нагоричане во (15:00), Кратово во (16:30) и Ранковце во (17:30). Пендаровски ќе одржи митинзи во Крива Паланка во (18:30) и во Куманово (20:00)
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски ќе оствари средби со граѓани на промотивните штандови во рамки на активностите за поддршка на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски и ќе им се придружи на СДММ во планираните спортско рекреативни активности, на кои ќе учествуваат и претставници на Коалицијата за европска иднина.
Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Петровец (17:00), Центар (18:30) и во Кисела Вода (20:30)
Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Скопје – во Градски парк – пункт кај седум чешми (13:00), пункт во близина на Луна паркот и дискотеките во правец према паркот за миленици и пункт во близина на езерцата кај споменикот.
Кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска на средби со жителите на Општина Аеродром во Ново Лисиче, парк „Авионче“ (12:00), а програмата ќе ја презентира и пред граѓаните на митинг во Кавадарци. (во Домот на културата „Иван Мазов“/ 19:30).