🎥 СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ГИ ЖАЛИ „ПАРОХИЈАЛНИТЕ ЛИКОВИ“ ШТО КРЕИРААТ ЦРНА КАМПАЊА ПРОТИВ НЕА Тие никогаш нема да научат дека еросот е дел од уметноста на живеење
Ќе ве изненади храброста и интелектуалната свежина со која претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ го прокоментира видеото за нејзиниот став за сексот и за интелектуалноста, кое беше раширено како дел од црната кампања против неа.
Во црната кампања против Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, беше злоупотребено и едно видео, во кое таа сведочи дека на своите студенти им велите дека „сексот е многу интелектуална работа, дека ако немате во умот креација, дека ако не си го сакате сопственото тело, ако не сте креативни, ќе бидете досадни“.
Пред интервјуто во поткастот на Плусинфо, на професорката ѝ понудивме можност да го „прескокнеме“ ова прашање, со оглед на сензитивната тема, која секогаш може да се протолкува вака или онака. Но, Силјановска Давкова одлучно го одби тоа, додавајќи дека сака да одговори на нашето прашање како е можно креаторите на оваа кампања, најверојатно млади луѓе, да не слушнале за поимот сексуална интелигенција и за тоа дека сексуално интелигентните лица повеќе уживаат во сексот и во помала мерка патат од сексуални дисфункционалности.
Слушнете го нејзиниот одговпор и ќе се изненадите и самите:
– Еросот е многу важен во животот на сите луѓе. Сетете се на „Името на розата“ (Умберто Еко). Сексот е уметност, тој е креација. Колку повеќе знаете и умеете, толку повеќе ќе бидете креативни. Тоа не е гимнастика. Има врска со љубовта. Не зборувам јас за порнографија,. Зборувам за нешто што е дел од уметноста на живеењето – вели таа.
Професорката вели дека веројатно сме чуле дека таа често мпати кажува дека ако е политиката уметност на можното, бракот е уметност на неможното, но сепак пробајте да бидете уметници.
– Мислам дека таквиот мој говор е насочен и против насилството врз жените и врз мажите, бидејќи ние се соочуваме и со сексуално злоставување. И затоа јас се обидувам просветителски да делувам на младите луѓе, да ги инспирирам да учат, да креираат, да гледаат на сексот не како на казнување и повреда, туку како на нешто умно, на нешто убаво, на нешто поврзано со љубовта. И навистина ги жалам, да бидам искрена, оние коишто мислат дека во моите тврдења има нешто чудно, неприродно. Не, мислам дека тие луѓе се патријархални ликови, парохијални ликови, наместо да бидат модерни, постмодерни, партиципативни – заклучува Силјановска Давкова.
Овде можете да го проследите целото интервју со Гордана Силјановска Давкова: