Силјановска Давкова до Заев: Не се станува Европеец со веење на европско знаме и скратена постапка за донесување закони
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ потсети на практиката закон да пристигне во Собранието по редовна постапка, па истиот да исчезне и на крај да се врати под европско знаме.
На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката Гордана Силјановска Давкова, упати неколку прашања до Зоран Заев и претставниците од владата, при што и укажа на владата на незаконието кое го прават, преку непочитување на законите, особено со праксата на ставање на европско знаме на секој еден закон.
Слјановска Давкова потсети на практиката закон да пристигне во Собранието по редовна постапка, па истиот да исчезне и на крај да се врати под европско знаме.
– Ќе се согласите дека не се станува Европеец со веење на европско знаме, туку со редовна постапка, и со три читања зошто таа гарантира инклузивност и дијалог – му се обрати Силјановска на Заев.
Според неа, наместо скратената постапка да биде исклучок, таа станува правило.
Како пример за непознавање на правото и работење во спротивност со интересите на државата и правото Силјановска посочи:
– Во чл.1 ст.10 од Преспанскиот договор се говори за два периода, едниот технички, а другиот политички, првиот се однесува на постоечките документи и материјали, за внатрешна употреба, а може да се употребуваат и надвор и во него пишува дека тие треба да се реализираат најдоцна 5 години од влегувањето во сила на договорот, додека политичкиот период се однесува на документи и материјали, кои што се за внатрешна употреба и нивната примена се врзува за отворање на секое поглавје на релевантното поле, оттука таа постави прашање зошто и во реализацијата и на политичкиот и техничкиот период, толкава брзина? Зошто не ги усогласите чекорите со националните интереси. Особено кога е во прашање вториот феномен, политичкиот. Ние сѐ уште не сме добиле датум.