Силјаноска Давкова: Ќе се вратиме во друштвото на илјада универзитети на Шангајската листа
Таа најави ваучери за концерти, за спортски настани, а младите до 29 години нема да плаќаат никаков данок за да го внесат својот економски и компетитивен дух овде.
Срам ми е бидејќи доаѓам од Универзитет да кажам дека сме некаде на 1800 место на Шангајската листа. На перифирејата, на периферијата. Како што сме сега во поглед на хибридниот режим. Скромни сме во целите бидејќи она што го ветуваме ќе го исполниме и затоа нашата цел е барем во четири годишниот мандат да влеземе во друштвото на илјада универзитети на Шангајската листа, изјави Гордана Силјаноска Давкова, носител на листата во изборна единица еден при отворање на штаб.
Таа рече дека е крајно време да имаме образование кое е компактибилно со европското.
– Не е универзитетот база осамена, она што се случува во моментот е сликата на Македонија во мало за жал, таму каде што треба да се негува критичкиот дух, се негува партискиот поданички дух и повторно имаме битки на ректори чии што статус зависи од партиите. Одлика на антикорупциска не се почитува – рече таа.
Според неа, еден од првите предлози е да свикаат уставно-правна комисија бидејќи веќе ги детектирале најголемите мани што произлегуваат од Уставот.
– Ветото сетете се формирање на влада, сето тоа мора да има решение овде па и да го оставиме во иднина некому важно е да размислуваме системски – нагласи Силјаноска
Таа најави ваучери за концерти, за спортски настани, а младите до 29 години нема да плаќаат никаков данок за да го внесат својот економски и компетитивен дух овде.
– Сите што се по светот ќе ги собериме во една алумни асоцијација, постојано ќе комуницираме, плати ќе понудиме за нив повисоки за да ги задржиме овде – рече Силјаноска.