СИДНЕЈ ЗАТВОРЕН И СО ПОЛИЦИСКИ ЧАС Премиерката им се извини на совесните граѓани

Полицискиот час ќе трае од 21 часот до 5 часот наутро со цел да се спречи движењето на младите бидејќи полицијата забележала дека доцна ноќе биле прекршувани правилата.

245

Затворањето на Сиднеј, Австралија, е продолжено до крајот на септември за да се забави ширењето на коронавирусот, пишува Би-Би-Си. Властите наметнаа и полициски час на 2 милиона жители во предградијата кои се најмногу погодени.

Странските медиуми наведуваат и дека маските ќе бидат задолжителни насекаде на отворено.

Жителите на Сиднеј се во домашен режим од јуни. Инфекциите се зголемија повеќе од двојно во минатата недела и вчера достигнаа 681.

– Им се извинувам на мнозинството луѓе во тие заедници кои ги прават вистинските нешта, но заради нашето здравје и безбедно движење напред мораме да ги донесеме овие тешки одлуки – рече премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берејиклиан.






Таа додаде дека полицискиот час ќе трае од 21 часот до 5 часот наутро со цел да се спречи движењето на младите бидејќи полицијата забележала дека доцна ноќе биле прекршувани правилата.

Оваа одлука е критикувана како медицински неиздржана, односно дека нема докази дека полицискиот час го спречува ширењето на вирусот. Таква изјава дала и самата премиерка минатиот месец.

Локалните правници ја критикуваа власта поради строгите рестрикции во сиромашните делови од градот.

Поврзани содржини