Славната пејачка стана баба еден месец откако призна дека е мајка

1,182

 

Славната пејачка Сиа пред само неколку недели откри дека лани посвоила две момчиња со навршени 18 години, а сега ги изненади фановите со веста дека станала баба.

Сиа во рок од неколку месеци станала и мајка и баба.

– Мојот најмлад син штотуку доби две бебиња. Јас сум баба! – изјавила таа во интервју за Apple Music.

Сиа ги посвои двете момчиња кога тие имале по 18 години и привршувало нивното згрижување од социјалните служби. И двајцата биле малтретирани и имале трауматични животни приказни. Тие промениле 18 места на живеење во 18 години.

– Јас всушност посвоив два сина минатата година. И двајцата имаа 18 години, а сега се 19-годишници. Им изминуваа годините на згрижување. Да, и ги сакам – изјави таа во мај.

„И двајцата многу страдаа, а јас можев да им помогнам – ги имав потребните ресурси за да им ја пружам помошта која им беше потребна за нивната траума во рана возраст. Потребно беше да помине година и имавме свои подеми и падови, но никогаш не сме биле на подобро место од она на коешто сме денес“ – рекла таа.

За мајчинството, Сиа вели: „Тоа е благослов за мене. Мислам дека ме спаси, јас сум во рајот.“.

Поврзани содржини