СИ СЛАВАМ, РОДЕНДЕН, БЕБЧЕ, ПРСТЕН, СЀ Антониа Гигоска откри дека е бремена, а и верена (ФОТО)

Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Погодете кој ќе стане мајка... Што мислите, машко или женско е? Ние веќе знаеме, напиша Гиговска во описот на фотографиите.

2,079

Антониа Гиговска на својот 22 роденден ги воодушеви фановите со прекрасните вести кои ги сподели.

Имено, пејачката објави дека таа и нејзиниот партнер очекуваат дете.






– Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Погодете кој ќе стане мајка… Што мислите, машко или женско е? Ние веќе знаеме – напиша Гиговска во описот на фотографиите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Пејачката откри и дека нејзиниот избраник ја запросил, но и дека сам го избирал вереничкиот прстен.

– Прстенот го бирал сам. Умирам од среќа. Си славам. Роденден, бебче, прстен, сè – додава Антониа во објавата.

Нејзиниот избраник е музичарот Роберт Спасенцоски, познат под прекарот Џокер, е дел од нејзниот бенд, и сме ги виделе на доста заеднички видеа на социјалните мрежи. Инаку, тој е син на популарниот фолк музичар Боби Спасенцоски.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

До пред неколку месеци таа беше во врска со Иван, фронтменот на Либеро Бенд, а по прекинот на врската со него беше ангажирана со голем број на настапи. За приватниот живот одбегнуваше да коментира.

Поврзани содржини