📽 СИ ПРОСЛАВИЈА СО КОКАИН СРЕДЕ ТРИБИНИТЕ Англиските навивачи фатени на дело по мечот со Словачка!
На навивачите не им беше лесно, мислеа дека си одат дома, па по пресвртот и водството дојде до лудо славје на трибините. Камерата фати еден навивач како шмрка кокаин.
На социјалните мрежи кружи шокантно видео од Европското првенство!
Еден англиски навивач ја почувствува моќта на камерите и преносот во живо на своја кожа, бидејќи беше фатен како конзумира бел прав на мечот меѓу Англија и Словачка (2:1).
Англичаните беа на прагот на елиминација, губеа со 1:0, но во петтата минута од судиското надополнување, Џуд Белингем постигна гол за 1:1, а Хари Кејн во првата минута од првото продолжение направи разлика од 2:1.
На навивачите не им беше лесно, мислеа дека си одат дома, па по пресвртот и водството дојде до лудо славје на трибините.
— Out Of Context Euro2024 (@NoContextEPL) June 30, 2024