СИ ОТВОРИЛ ФИРМА, ПА СИ ПРЕФРЛИЛ 58.000 ЕВРА ОПШТИНСКИ ПАРИ Службеник од општина Шуто Оризари доби кривична за измама

осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на сектор во општина Шуто Оризари со цел да прибави противправна имотна корист од буџетската сметка на општината, по основ на одржување на училишни објекти, во пет наврати изготвил лажни налози за исплата , злоупотребувајќи печат на општината како и скратен потпис на актуелен градоначалник, соопшти полицијата.

245

Полицијата поднесе кривична пријава против раководител на сектор во општината Шуто Оризари затоа што присвоил 3,6 милиони денари, (58.000 евра) од општинскиот буџет.

„Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчисти случај во врска со кривичното дело Измама во службата, при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од Кривичниот законик. Имено, според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на сектор во општина Шуто Оризари со цел да прибави противправна имотна корист – од буџетската сметка на општината, по основ на одржување на училишни објекти, во пет наврати изготвил лажни налози за исплата на парични средства, злоупотребувајќи печат на општината како и скратен потпис на актуелен градоначалник на истата. Притоа откако ги пуштил паричните средства од трезорска сметка парите биле префрлени по основ на три налози кон правно лице од Скопје, а дополнително осомничениот формирал уште едно правно лице во кое тој бил сопственик каде што исто така пуштил уште два парични налози. На тој начин осомничениот Д.А. го оштетил буџетот на општина Шуто Оризари за 3.600.000 денари (58.000 евра)“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини