СИ НЕМАЛ ЃАВОЛОТ РАБОТА, ПА НИ ГИ МЕНУВА ПЕСНИТЕ Цензурирана и „А бре Македонче“
Некому очигледно му пречеле стиховите „клетите фашисти“. Претходно, на удар на цензорите беше химната, а на прославата на Илинден во Крушево годинава изостави цела строфа од револуционерната македонска песна „Во борба, македонски народе”, во која спорни беа стиховите „фашистичка крв се лее“. Која е заднината на овие цензорски интервенции?
На централната прослава на празникот 11 Октомври, Денот на македонското востание, хорот ја испеа и песната „А бре, Македонче“, но стихот во кој се споменуваат „клетите фашисти“ го замени со „душманите клети“.
Така, наместо „нека разберат клетите фашисти, македонско име нема да загине!“, стихот беше испеан со нова верзија која гласеше „нека разберат душманите клети, македонско име нема да загине“.
Но, тоа не е единствената промена во изведбата на песната. Сменет е и акцентот на зборовите „разберат“ и „душмани“, односно е усогласен со третосложното акцентирање. Направена е и мала промена и во мелодијата, за да се добие „рзберат“ со „правилен“ акцент и инверзија на „клетите душмани“ (фраза која се среќава во некои верзии на песната) во „душманите клети“, со истиот ефект.
Песната прозвуче развлечено и збунувачки, а присутните тоа го забележаа. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, реагираше на оваа неочекувана промена.
Инаку, „А бре, Македонче“ е авторска песна, создадена во текот на Втората светска војна. Автори на ѕтекстот се Крсте Црвенковски и Коле Чашуле, а на музиката Ордан Михајлоски – Оцка. Песната, всушност, била химна на одредот „Гоце Делчев“,кој го изврши нападот на участокот во Прилеп, настан кој се смета за почеток на народноослободителната и антифашистичка борба на македонскиот народ.
Интересно е дека во првата верзија на песната, сега „спорниот„ стих гласи поинаку: „Нека разберат денешните тирани“. Во подоцнежната верзија се пее: „Нека разберат клетите фашисти“. Сега очигледно некој имал потреба повторно да ја цензурира и оваа верзија на песната, веројатно за да се избегне зборот „фашисти“, кој ѝ пречи на Бугарија.
Во 2019 година, на прославата на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, организирана во американската амбасадата во Скопје, Тамара Тодевска од химната „Денес над Македонија“ ги изостави стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“. Тамара подоцна даде некакво објаснување со кое ја презеде одговорноста за ненамерната грешка, но остана впечатокот дека химната е променета со намера да се изостават имињата на македонските револуционери кои Софија ги смета за Бугари.
Откако слегна возбудата од тој скандал, се случи нов. Годинава, на прославата на 2 Август во Крушево, Хорот на МОБ изостави цела строфа при изведбата на револуционерната македонска песна „Во борба, македонски народе”. Изоставена беше строфата во која се пее за смелите партизани, кои се борат под знамето на Гоце Делчев: „Излеговме ние смели партизани / над нас на Гоце знамето се вее, во гори / полја и на сите страни / фашистичка крв насекаде се лее“.
По прославата МОБ се огласи со некакво објаснување за промената, но јавноста се повеќе е убедена дека целта на сите овие цензорски промени во македонските револуционерни песни е да се избрише историската вистина дека нашата земја во Втората светска војна беше е окупирана од фашистичка Бугарија. Тоа е едно од барањата на Софија кое веќе е изнесено, а допрва ќе дојде на дневен ред во преговорите со Скопје.
ШОКАНТНА НАЈАВА НА ПРОБУГАРСКАТА „ФОНДАЦИЈА МАКЕДОНИЈА“: НЕМА ДА ВЛЕЗЕТЕ ВО ЕУ ДОДЕКА ГО СЛАВИТЕ ДЕНОТ НА ВОСТАНИЕТО!
На Фејсбук сајтот на пробугарската „Фондација Македонија“ може да се прочита соопштение во кое е изнесена закана дека Македонија нема да стане членка на Европската унија се додека го слави 11 Октомври како официјален празник.
Оваа Фондација тврди дека на 11 октомври 1941 година не е кренато никакво востание, туку тоа било „ криминално дело на 20 лица“, кои биле уапсени за еден час!