СИ „ИГРАЛЕ“ СО ПЕТАРДИ И ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОЖАР Уапсени двајца малолетници во Кучково

Од МВР соопштија дека нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

384

Во скопското село Кучково униформирани полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, затоа што предизвикале пожар откако претходно користеле пиротехнички средства.

Од МВР соопштија дека нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.






По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини