Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, објави МИА.
Потресениот градоначалник на Демир Капија, Лазар Петров, потврди за МИА дека се случила ваква трагедија, но не знаеше да каже детали за случајот. Тој изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.
Неофицијално, човек над 64 години, пукал во соседот што живеел над него во зграда, кој бил на возраст од околу 34 години, па се самоубил. Наводно, причината била претходна расправија.
„Денеска (16.05.2023) во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“, соопшти МВР.
Се очекуваат детали и од Обвинителство во текот на денот.