СИ ГО ПРОДАЛА БЕБЕТО ЗА ДА ПЛАТИ ОПЕРАЦИЈА НА НОСОТ?! Русинка е уапсена за наводна продажба на нејзиното дете
Мајка обвинета дека го продала своето бебе старо пет дена за помалку од 5000 долари, наводно рекла дека планирала да ги потроши на операција на носот.
Според The Sun, 33-годишната Русинка, која не е именувана во локалните извештаи, била уапсена во Дагестан, јужна Русија откако, наводно, го продала своето бебе старо пет дена на брачна двојка на денот кога ја напуштила болницата, а тие ѝ дале 10 отсто аванс (500 долари).
33-годишната жена, чие име не го објавија руските медиуми, била приведена на крајот на мај под обвинение за трговија со луѓе, пишува „Дејли мејл“.
Мајката наводно го родила момчето на 25 април во болница во градот Каспијск, а пет дена подоцна го продала на пар кој не можел да има дете. За возврат побарала 3.200 долари, а на денот на предавањето на момчето побарала дополнителни 360 долари за „откажување од правата на детето“.
„Њујорк пост“ пишува дека некој ја известил за ова полицијата, па Русинката, но и парот кој незаконски го посвоил детето, биле приведени.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.