СИ ГО ПРЕТЕПАЛА 6-МЕСЕЧНОТО БЕБЕ, КОЕ ЗАВРШИ НА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ Полицијата уапси 23-годишна жена од Кавадарци

Против мајката ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти полицијата.

281

Млада жена од Кавадарци ноќеска го нападнала своето 6-месечно бебе, кое поради тежината на повредите е пренесено на клиника во Скопје на лекување. Полицијата утрово ја уапси жената.

„Денеска (10.11.2025 година) во 6:10 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 23-годишна жена од Кавадарци. Таа се сомничи дека околу 00:37 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиното 6-месечно бебе, кое е пренесено во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје за укажување лекарска помош“, соопшти полицијата.






Се преземаат за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, се додава во соопштението.

 

Поврзани содржини